Ruslan Rehimov
01 Мај 2019•Ажурирај: 02 Мај 2019
БАКУ (АА) - Вооружените сили на Турција и Азербејџан започнаа заедничка воена вежба во Азербејџан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан, започна заедничката воена вежба под називот „Мустафа Кемал Ататурк 2019“ во рамки на воената соработка меѓу двете земји.
Се истакнува дека во рамки на оваа вежба се врши размена на искуства, додека вежбата има за цел развивање на координацијата меѓу Вооружените сили на Турција и Азербејџан.
Покрај воените трупи, дел од вежбата се и оклопни возила, артилериски батерии, минофрлачи, авиони, хеликоптери, како и воздушни одбранбени системи.
Оваа заедничка воена вежба реализирана од Вооружените сили на Турција и Азербејџан ќе трае до 3 мај.