Erdoğan Çağatay Zontur
01 Мај 2019•Ажурирај: 02 Мај 2019
МЕЛБУРН (АА) - Австралиски кандидат од владејачката Либерална партија денес беше исклучен од партијата поради неговите исламофобични коментари, јавува Anadolu Agency (AA).
„Австралиските муслимани имаат идеологија 'која бара убивање или поробување на австралиски државјани - немуслимани'“, напиша Џереми Хирн, во делот за коментари на онлајн-списание, минатата година.
Тој во коментарите додава дека австралиските муслимани треба да бидат одбивани за државјанство бидејќи сакаат да ја соборат Владата и да го воведат шеријатското право.
Херн подоцна се извини за неговите коментари.
Лидерот на либералите од Викторија, Мајкл О'Брајан, изјави дека коментарите се ужасни, додавајќи: „Апсолутно се спротивставувам, овие ставови никогаш не биле дел од Либералната партија.“
Во Австралија на 18 мај се одржуваат општи избори. Анкетите ќе одлучат дали конзервативната Либерална партија ќе го продолжи својот мандат или мандатот ќе го преземе Лабуристичката партија.