Ruslan Rehimov
27 Октомври 2020•Ажурирај: 28 Октомври 2020
БАКУ
Четири цивили загинаа, а 10 цивили се повредени во нападот врз цивилните населени места во Азербејџан извршен со прекршување на примирјето од страна на Ерменија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на Азербејџан.
Во соопштението се нагласува дека ерменската Војска извршила артилериски и ракетен напад врз подрачјата на Горанбој, Тертер и Берде.
Хикмет Хаџијев, советник во Претседателството на Азербејџан, преку Твитер соопшти дека од ракетата лансирана во Берде загинале 4 цивили, а повредени се 10 цивили, меѓу кои жени и деца.
Хаџијев потсети дека Министерството за одбрана на Ерменија денес објавило соопштение во кое нагласило дека остро ќе го напаѓаат Азербејџан, и рече: „Со ова мислат на цивилите, децата и жените. Ерменија продолжува да врши воено злосторство.“
Меѓу другото, Главното обвинителство на Азербејџан соопшти дека две од загинатите се жени, а едно од загинатите е 7-годишно девојче.