Yusuf Özcan
27 Октомври 2020•Ажурирај: 28 Октомври 2020
ПАРИЗ
Судот ја одобри одлуката за затворање на џамијата во Пантен, предградие на Париз, за 6 месеци, донесена од администрацијата на претседателот Емануел Макрон, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Управниот суд во Монтреј донесе одлука за затворање на џамијата во предградието Пантен за 6 месеци.
Судот, потврдувајќи ја одлуката на администрацијата на Макрон, наведе дека затворањето на џамијата нема да претставува сериозно и незаконско кршење на основните права.
Судот, исто така, истакна дека едно верско лице во џамијата „било вклучено во радикално исламистичко движење“.
Министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманин, рече дека ликот на наставникот, кој беше убиен во квартот Конфланс-Сен-Онорин во близина на Париз, е споделен од страна на раководителот на џамијата и дека затоа џамијата ќе биде затворена.
Наведувајќи дека во Франција во последните три години се затворени 356 локации, вклучително и џамии, а биле депортирани 411 странци, министерот Дарманин рече дека ќе бидат затворени многу здруженија и невладини организации, вклучувајќи го Колективот против исламофобија во Франција „Баракасити“.
На 16 октомври во населеното место Конфленс-Сен-Онорин, близу Париз, обезглавен е наставник. Француските власти објавија дека осомничениот за убиство на наставникот бил забележан во близина на телото со нож во раката и дека бил застрелан од полицијата откако почнал да бега.
Беше истакнато дека наставникот за време на часот покажувал карикатури на божјиот пратеник Мухамед и дека родителите реагирале на тоа.
Потоа се зголемија притисоците и рациите врз муслиманските здруженија и невладините организации во земјата.
Макрон рече дека нема да престанат да ги објавуваат навредливите карикатури на божјиот пратеник Мухамед.