Alaattin Doğru
27 Октомври 2020•Ажурирај: 29 Октомври 2020
ПАРИЗ
Во Франција, која поради епидемијата од Ковид-19 има пад во економијата, во третиот квартал од годината стапката на невработеност се искачи на 9,5 проценти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Единицата за истражување, труд и статистика го соопшти извештајот за стапката на невработеност во земјата во третиот квартал од годината.
Според извештајот, стапката на невработеност се зголемила за 0,9 отсто во споредба со истиот период претходната година, и во периодот јули-септември изнесува 9,5 проценти.
Од 5 милиони 784 илјади лица што се регистрирани во Агенцијата за вработување, 3 милиони 673 илјади се невработени.
- Највисок јавен долг во последните 25 години
Според податоците на Францускиот национален институт за статистика (INSEE) од септември, јавниот долг на земјата се зголемил за 12,7 поени во вториот квартал од годината, забележувајќи го највисокото зголемување во последните 25 години, и достигнал 114,1 процент од бруто домашниот производ (БДП).
Францускиот национален институт за статистика (INSEE), исто така, објави дека на крајот на јуни јавниот долг се зголемил за 113,4 милијарди долари во споредба со март, достигнувајќи 2.638,3 милијарди евра.