Hasan Esen
27 Октомври 2020•Ажурирај: 28 Октомври 2020
ЛОНДОН
Лордот Назир Ахмед, муслимански член на Домот на лордовите во Велика Британија, реагираше на францускиот претседател Емануел Макрон, кој ги бранеше карикатурите насочени кон пророкот Мухамед и даваше антиисламски изјави, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ахмед, член на Горното крило на британскиот Парламент, на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша изјава.
„Божјиот пратеник Мухамед е наша чест. Околу две милијарди муслимани во светот го сакаат него повеќе отколку нивните родители. Почитувајте го нашиот пратеник како што ние ги почитуваме Мојсеј и Исус“, нагласи Ахмед.
Француската Влада даде изјави насочени кон исламот и муслиманите по убиството на наставникот, кој на час на неговите ученици им покажувал навредливи карикатури на божјиот пратеник Мухамед. Макрон го опиша ова убиство како „исламски тероризам“.
Ставот на администрацијата на земјата кон муслиманите доведе до зголемување на исламофобичните активности и расистички напади.
Неодамна, две муслиманки со алжирско потекло во Франција беа прободени со нож во близина на Ајфеловата кула во Париз, а двајца јордански браќа беа подложени на расистичко насилство во Париз.
Сепак, откако Макрон објави дека нема да се двоумат дали да објавуваат навредливи карикатури за пророкот Мухамед, на некои јавни згради во земјата беа поставени навредливи карикатури на пророкот Мухамед.
По овие изјави, во исламските земји започна бојкот на француските производи.