Ruslan Rehimov
21 Октомври 2020•Ажурирај: 22 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Азербејџанската војска сруши уште три беспилотни летала на Ерменија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на Азербејџан.
Се вели дека три беспилотни летала на Ерменија се срушени денеска во периодот од 12:55 до 13:30 часот по локално време.
Според соопштеното, овие беспилотни летала се срушени од воздухопловните одбранбени сили на Азербејџан.
Се наведува дека две од овие летала се срушени во насока на Фузули, додека едно од нив во насока на Тертер.
Инаку, азербејџанските воздухопловни сили во утринските часови срушија едно, додека вчера срушија две беспилотни летала на Ерменија.