Zehra Nur Düz
21 Октомври 2020•Ажурирај: 22 Октомври 2020
ИДЛИБ (АА) - Петмина цивили се повредени во руските воздушни напади извршени во северозападната сириска област Идлиб, се соопштува од Цивилната заштита („Бели шлемови“), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Нападот е извршен врз селото Ал Рами во јужниот дел на Идлиб,
„Бели шлемови“ соопштија дека меѓу повредените во нападот има и деца.
Во септември 2018 година, Турција и Русија се согласија да го претворат Идлиб во деескалациска зона во која актите на агресија ќе се строго забранети.
Сирија е заробена во жестока граѓанска војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон учесниците на продемократските протести.
Според податоците на Обединетите нации (ОН), во војната стотици илјади луѓе се убиени, а повеќе од 10 милиони се раселени.