Ömer Tuğrul Çam
21 Октомври 2020•Ажурирај: 22 Октомври 2020
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) со компанијата „Џонсон и Џонсон“, производителот на лекови, потпиша договор за набавка на вакцини, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Европската комисија, Комисијата во име на земјите од ЕУ ќе може да купи до 400 милиони дози вакцини.
Се наведува дека компанијата „Џонсон и Џонсон“ се наоѓа во третата фаза на испитување на вакцини.
Европската Унија (ЕУ) претходно за набавка на вакцини потпиша договори со фармацевтските компании „АстраЗенека“ и „Санофи-ГСК“, а исто така соопшти дека преговорите за купување вакцини со компаниите „КјуреВак“, „БајоНТех-Фајзер“ и „Модерна“ биле успешни.