Muhammed Enes Can
09 Ноември 2018•Ажурирај: 10 Ноември 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Турското Обвинителство издаде налог за апсење на најмалку 103 припадници на Вооружените сили на Република Турција (TSK), поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, која е одговорна за обидот за државен удар во Турција, на 15 јули 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Одделот на истанбулското Обвинителство за тероризам и организиран криминал продолжува со истрагите и акциите за апсење на лица поврзани со ФЕТО, а овој пат станува збор за припадниците на турската Војска.
Врз основа на докази дека преку телефон шифрирано комуницирале со припадници на терористичката организација ФЕТО, издаден е налог за апсење на најмалку 103 припадници на Војската, меѓу кои се двајца полковници, двајца поручници, 6 мајори, 14 капетани, 21 потпоручник и други офицери.
Во најмалку 32 турски градови веќе е покрената истовремена акција на апсење, а од 103 турски војници, 74 се веќе уапсени.