Uğur İslamoğlu
30 Јули 2021•Ажурирај: 31 Јули 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку шест лица се приведени утринава во Истанбул под сомнение за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Припадниците на истанбулската полиција од Одделот за борба против тероризмот спроведоа операција за приведување на лица за кои постои основано сомнение дека работат за ДЕАШ и дека подготвуваат напад во Истанбул.
Извршени се претреси на 10 адреси во вкупно осум кварта во Истанбул, и приведени се шест лица кои се доведуваат во поврзаност со ДЕАШ.
При претресот запленети се значителни количества документи и дигитален материјал.
Осомничените се пренесени во полиција, а во тек е криминалистичката обработка.