Kemal Karadağ
30 Јули 2021•Ажурирај: 30 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Во турската област Мардин е фатен припадник на терористичката организација ПКК/КЏК во подготовка да изврши бомбашки напад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за внатрешни работи на Турција, полициските тимови во Мардин синоќа извршиле контрола во едно возило на патот Мардин - Кизилтепе.
Во возилото бил откриен рачно изработен експлозив од околу 2 килограми, кој била наменет за поставување под возила.
Во овие рамки приведен е терористот припадник на терористичката организација ПКК/КЏК и е пренесен во полициската дирекција во Мардин.