Турција, Коронавирус

Турскиот министер Коџа: „Бројот на лица кои сѐ уште ја немаат примено првата доза од вакцините намален на 21.585.060“

„Бројот на лица на кои им е дадена втората доза од вакцините изнесува 857.710. Бројот на лица кои на кои им е дадена третата доза вакцина е 231.298...;

Barış Gündoğan  | 30.07.2021 - Обновена : 31.07.2021
Турскиот министер Коџа: „Бројот на лица кои сѐ уште ја немаат примено првата доза од вакцините намален на 21.585.060“

АНКАРА (АА) - Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, истакна дека во земјата 21.585.060 лица сѐ уште ја немаат администрирано првата доза вакцина против Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерот Коџа, во објавата на својот профил на Твитер наведе дека вчера се администрирани вкупно 1.405.579 дози вакцини низ целата земја.

Истакнувајќи дека бројот на лица кои вчера ја имаат примено првата доза од вакцините изнесува 316.571, Коџа рече:

„Бројот на лица на кои им е дадена втората доза од вакцините изнесува 857.710. Бројот на лица кои на кои им е дадена третата доза вакцина е 231.298, додека бројот на оние кои сѐ уште ја немаат примено првата доза е намален на 21.585.060.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.