Elena Trenchevska Chekovic
30 Јули 2021•Ажурирај: 31 Јули 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 74 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 156.299, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период регистрирани се две починати лица од Ковид-19, според што билансот на смртни случаи од вирусот се искачи на 5.493
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 150.350.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 456.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 4.582 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 971.395 тестирања.