Ali Rıza Akkır
30 Јули 2021•Ажурирај: 31 Јули 2021
МУГЛА (АА) - Продолжуваат напорите за гаснење на шумскиот пожар што избувна вчера во подрачјето на Мармарис во југозападната турска област Мугла, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пожарот, кој избувна во шумската област Армуталан Ширинер, под влијание на ветрот се прошири во подрачјето на Ичмелер.
За пожарот да го задржат под контрола, екипите преку цела ноќ продолжија да работат од копно.
Во регионот рано наутро продолжија интервенциите од воздух. Голем број хеликоптери се испратени во регионот за пожарот да се стави под контрола.
Во пожарот едно лице го загубило животот, гостите од некои хотели се евакуирани, додека некои куќи, возила и работни машини се оштетени.