Ekipa
02 Август 2017•Ажурирај: 03 Август 2017
МУГЛА (АА) - Потона јахта на отворено море кај местото Бозбурун во околината на турскиот град Мармарис, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, очевидци ги информирале надлежните органи дека на отворено море кај местото Бозбурун, во околината на Мармарис, потонала јахта.
Екипи на крајбрежната стража на Мармарис се упатени кон местото каде, од сѐ уште непознати причини, потонала јахтата.
На јахтата се наоѓале 11 лица, а крајбрежната стража спаси 8 лица, меѓу кои и капетанот на јахтата.
Спасувачките екипи од крајбрежната стража успеаја да извлечат тело на едно од трите лица кои останале под јахтата.
- Продолжува акцијата за пронаоѓање на останатите 2 лица -
Гувернерот на Мугла за АА изјави дека на 200 метри од пристаништето кај Бозбурун потонала јахтата „Anemone”, долга 20 метри, на која се наоѓале 11 лица. Гувернерот информираше дека спасувачките екипи на крајбрежната стража спасиле 8 лица.
„Го пронајдовме телото на Али Доган Чајирлиоглу, сопственик на јахтата. Во тек се напори за пронаоѓање на останатите две исчезнати лица”, рече гувернерот на Мугла.
Во меѓувреме, познати се имињата на сите патници кои со јахтата излегле во прошетка. Тоа се Али Доган Чајироглу (сопственик), Зејнеп Агдемир, Мерт Али Агдеимр, Ајхан Агдемир, Сафиа Агдемир, Мустафа Донка (капетан), Барту Донка, Јуџел Бекташ (помошник на капетанот), Исмаил Тургут, Дилек Чајирлиоглу и Гира Донка.
Во тек се обидите на спасувачката екипа да ги пронајде 15-годишниот Мерт Али Агдемир и 40-годишната Сафиа Агдемир кои останале под јахтата. Барту Донка (7) и Исмаил Тургут (50) се префрлени во болница и не се во животна опаснот, додека здравствената состоба на останатите лица е добра.