Sarp Özer
02 Август 2017•Ажурирај: 02 Август 2017
АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, денес во Анкара порача дека неговата земја е доволно силна да ја неутрализира секоја закана, јавува Anadolu Agency (AA).
Членовите на Врховниот воен совет на Турција (YAS), предводени од премиерот Бинали Јилдирим, пред денешниот состанок на Советот го посетија мавзолејот на Ататурк во Анкара (Аниткабир).
Јилдирим заедно со членовите на YAS положи венец оддавајќи почест на првиот претседател на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк.
Турскиот премиер во посебната книга на посвети напиша дека земјата го продолжува своето постоење како остров на стабилност.
„Во регионот кој се гуши во кризи, благодарејќи на свеста на нашиот народ, нашата држава го продолжува своето постоење во вид на еден остров на стабилност. Нашата држава е доволно силнa да ја неутрализира секоја закана насочена против неа”, порача Јилдирим.
Тој потсети и на обидот за државен удар од 15. јули минатата година, кои се обидоа да го извршат воени лица лојални на терористичката организација ФЕТО, и ја нагласи значајната улога на граѓаните кои во ноќта со излезот на сонцето го спречија рушењето на уставниот поредок и соборувањето на легитимната власт.
Делегацијата ја сочинуваше началникот на Генералштабот, Хулуси Акар, замениците-премиери Бекир Боздаг, Мехмет Шимшек, Фикри Ишик, Реџеп Акдаг и Хакан Чавушоглу, како и министерот за правда Абдулхамит Ѓул, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за одбрана Нуретин Џаникли, командантот на Копнените сили Салих Зеки Чолак, командантот на Поморските сили на Турција, Булент Бостаноглу и командантот на Воздушните сили Абидин Унал.
По посетата на Мавзолејот на Ататурк, започна состанокот на Врховниот воен совет, со кој претседава премиерот Јилдирим.