Nazlı Yüzbaşıoğlu
01 Август 2017•Ажурирај: 02 Август 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, денес во Истанбул изјави дека се надева оти Израел во иднина во потполност ќе ги уважува ставовите на муслиманите кога е во прашање пристапот и односот кон џамијата Ал Акса во Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот министер за надворешни работи, на состанокот на Организацијата за исламска соработка (OIC), напомена дека отпорот кој го пружиле Палестинците во време кога џамијата најпрво била потполно затворена, а потоа и откако се поставени и детектори за метал, e за секоја пофалба. Тој потсети дека израелската полиција против полицајците користела прекумерна сила.
Чавушоглу потсети на претходните пораки на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој го осуди израелското ограничување на верските слободи и прекумерната сила насочена кон муслиманите, и притоа укажа на заедничките чувства на сите муслимани.
„Отпорот на палестинскиот народ за време на тие 14 дена е за секоја пофалба. На крајот, Израел стори разумен чекор, се надеваме дека Израел во иднина во потолност ќе ги уважува ставовите на муслиманите кога е во прашање пристапот и односот кон џамијата Ал Акса во Ерусалим”, изјави Чавушоглу.
Тој ги повика сите земји-членки на Организацијата за исламска соработка (OIC) да им помогнат на муслиманите во Ерусалим, и го нагласи значењето на заедништвото потребно на Палестинците во нивната борба.
„Сите наши браќа кои се во можност нека го посетат Ерусалим, нека ги гушнат нашите браќа Палестинци ”, изјави Чавушоглу повторувајќи го претходниот повик на претседателот на Турција, Ердоган.
Турскиот министер изјави дека последните случувања, го насочуваат исламскиот свет кон преиспитување.
„Зошто сме разединети? Зошто не сме во можност доволно да им помогнеме на нашите браќа? Нашата разединетост им носи радост на непријателите на исламот, тоа немојте да го заборавите. Мораме да влеземе во свесна борба кога е во прашање заштитата на Харем-и-Шериф, Ерусалим и Палестина. Нашата борба мораме да ја водиме поефикасно во рамките на меѓународните платформи. Дводржавното решение е она според кое правна обврска е почитување на светоста и историскиот статус на Ал Акса”, изјави Чавушоглу.
„На милиони Палестинци под окупација и бегство мораме да им помогнеме со дела, не само со зборови. Ги повикуваме сите да застанат против неправдата и да ја признаат државата Палестина. Во границите од 1967 година со Источен Ерусалим како главен град, суверената и неделива Палестина наскоро треба да заживее”, изјави Чавушоглу.
Состанокот на претставниците на 44 земји-членки на Организацијата на исламска соработка (OIC) е одржан денес во Истанбул, организиран на покана на Турција по последните случувања во Ерусалим во врска со џамијата Ал Акса.
Се работи за вонреден состанок на Извршниот одбор на министрите за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка (OIC).
Турција ја претставува министерот за надворешни работи Мевлут Чавушогли и министерката за семејна и социјална политика Фатма Бетул Сајан Каја. На состанокот присуствува генералниот секратар на Организацијата, Јусуф ел-Усејмин, а меѓу останатите, во Истанбул се и саудискиот министер за надворешни работи, Адил Ел -Џубеир, иранскиот шеф на дипломатијата Џавад Зариф, јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади, палестинскиот министер за надворешни работи Риад ел-Малики. На министерско, и ниво на заменици-министри и постојани претставници на ОИК, во Истанбул се собраа 44 делегации.