Muhammed Boztepe
02 Август 2017•Ажурирај: 02 Август 2017
АНКАРА (АА) - Шестмина припадници на терористичката организација ПКК им се предадоа вчера на безбедносните сили, при што претходно побегнале од терористичките кампови во северниот дел на Ирак, соопшти Генералштабот на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
На безбедносните сили шестмината припадници на терористичката сепаратистичка организација ПКК им се предадоа во подрачјето на Ширнак, поточно во местото Силопи, на југоисточниот дел на Турција.
Терористите претходно престојувале во камповите на ПКК во северниот дел на Ирак, од каде што побегнале.
Покрај тоа, турската авијација денес ги бомбардираше позициите на терористите на ПКК во регионот Зап, во северен Ирак, и притоа неутрализирани се тројца терористи.
Терористичката организација ПКК е на листа терористички организации во Турција, ЕУ и САД.