Yunus Okur
02 Август 2017•Ажурирај: 03 Август 2017
ЕРЗУРУМ (АА) - Припадниците на безбедносните сили на Турција во акциите против терористичката организација ПКК во текот на јули неутралзираа 247 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).

Припадниците на безбедносните сили и понатаму, без оглед на временските и други услови, спроведуваат акции против терористичката организација која има за цел нарушување на мирот и безбедноста во Турција.
АА дознава дека во нападите на припадниците на ПКК од 1 до 31 јули загинале девет турски припадници на безбедносните сили. Освен тоа, загинале и десет цивили, а деветмина се ранети. Хоспитализирани се 43 припадници на безбедносните сили.
Во рамките на борбата против регрутирањето на нови членови на ПКК во неколку градови ширум Турција приведени се 366 лица. Од нив уапсени се 116 лица, меѓу нив и Мурат Јилмаз, лицето надлежно за финансии во терористичката организација КЏК.
Меѓу терористите неутрализирани во акцијата поддржана од воздух извршена во Карс, се наоѓаат и Ферит Полат, со кодно име ”Taylan“ кој се наоѓал на потерница на турското Министерство за внатрешни работи, за кој се нудеше награда од милион лири (околу 239.000 евра).