Sinan Uslu
09 Ноември 2017•Ажурирај: 09 Ноември 2017
БРИСЕЛ (АА) - Министерот за одбрана на Турција, Нуретин Џаникли во седиштето на НАТО во Брисел, одговараше на прашањата на новинарите при што кажа дека Турција не испраќа дополнителна воена единица во Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во Авганистан нѐ испраќаме дополнителна воена единица туку лица на позиции на консултанти. Планот е да се испратат консултанти и обучувачи. Станува збор за испраќање дополнителен персонал од 100 лица кои не се членови на воени единици“.
Во врска со завршувањето на операцијата на НАТО во Егејското Море, Џаникли потсети: „НАТО ја заврши својата операција, бидејќи планот на таа операција беше да се запрат бегалските премини и создавање на еден систем кој ќе гои контролира тоа. Во моментот, сериозно е намалено нивото на премини, многу е мала бројката на бегалци кои преминуваат преку Егејското Море. Според тоа, и операцијата е завршена”.
Министерот Џаникли рече дека Турција планира и финансиска поддршка на некои проекти во Авганистан, додавајќи „Планираме финансиска помош од 150 милиони долари во периодот 2018 - 2020”.
- Договор за соработка во одбранбената индустрија -
Во врска со потпишан договор за планирана соработка меѓу министерствата за одбрана на Франција, Турција и Италија во Брисел, министерот Џаниукли изјави: „Многу значаен проект. Покрај одбранбениот систем S400, планираме соработка со фирмите од овие две земји за развој на понов одбранбен систем базиран на SAMP-T, кој подразбира производство и употреба од страна на Турција. Овој проект треба да ги надополни недостатоците што Турција ги има на ова поле, давајќи свој придонес во создавањето на национален одбранбен систем“.
- Воена помош за терористичката организација ЈПГ -
Во врска со нападот во кој животот го загубија 9 припадници на турските безбедносни сили и потсетувањето на тврдењата за употребата на оружјето кое САД ѝ го дадoa на ЈПГ, министерот Џаникли беше запрашан дали тоа било една од темите на средбата со министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис, на што турскиот министер за одбрана истакна дека освен на средбата со Матис, и на средбите со останатите министри станало збор за воената помош.
Во врска со оружјето што е конфискуваното во терористичкиот напад во Хакќари, а кое е показател за тоа дека ЈПГ/ПЈД се ограноци на терористичката организација ПКК, министерот Џаникли го рече следното: „ЈПГ е огранок на ПКК, добива наредби од ист команден центар и се храни од ист терористички басен. Тоа јасно го кажавме, го поткрепивме со документи и фотографии, и им го предадовме не само на САД, туку и на Британија, Шпанија и на други земји. Со нив ги споделивме и фотографиите за противтеновското оружје AT-4, кое беше користено во нападот во Хакќари. Тоа е оружје кое го користат коалициските сили, а за кое мислиме дека САД им го дадоа на ЈПГ. На најјасен начин и без место за дебати“.
- Борба против тероримот -
Министерот Џаникли зборуваше за активностите на Турција против терористичките организации во земјата, при што истакна: „Од 10 јануари 2017 година, досега се неутрализирани 2.304 припадници на сепаратистичката терористичка организација. Тоа е еден од најдобрите показатели за успешноста на борбата што ја водиме на ова поле“.
- „Нашата цел е да се воспостави мир и стабилност во Идлиб“ -
За периодот на создавањето набљудувачки точки во Идлиб од страна на турските вооружени сили, турскиот министер за одбрана, Џаникли рече: „Нашата цел е на тие простори да обезбедиме мир и стабилност. Затоа, се обидуваме да ги искористиме сите други опции, без директна употреба на оружје. Сосема задоволителна е точката до која дојдовме. Во следната фаза ќе биде забрзано формирањето на набљудувачките точки“.