Muhammed Bilal Kenasari
09 Ноември 2017•Ажурирај: 09 Ноември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Заменик-секретарoт во американскиот Стејт департмент, Сајмон Хеншоу, кој во периодот од 29 октомври до 4 ноември ги посети камповите каде што престојуваат араканските муслимани во Мјанмар и во Бангладеш, го опиша како шокантно она што го видел во овие кампови, јавува Anadolu Agency (AA).
„Она што го видовме во камповите беше шокантно. Бегалската криза е на неверојатно ниво. Бројот на лицата кои биле принудени да ги напуштат своите домови од 25 август досега е над 600.000 лица. Состојбата во камповите е многу лоша. Луѓето имаат многу проблеми“, истакна Хеншоу на дневниот брифинг за медиумите во Стејт департментот.
Хеншоу рече дека имале можност во камповите да разговараат и со араканскиот народ. „Голем бој бегалци низ солзи ни раскажаа како нивните села биле запалени, нивните роднини биле убиени пред нивните очи“, додаде тој.
Тој пренесе дека во Мјанмар се состанале со владините претставници, како и со лидерите од араканската заедница и нагласи дека упатиле апел до мјанмарската Влада да го заштити локалното население, како и да спроведе истрага во врска со прекршувањата на човековите права.