Muhammed Bilal Kenasari
14 Октомври 2016•Ажурирај: 15 Октомври 2016
ВАШТИНГТОН (АА) - Висок претставник на американскиот Стејт департмент изјави: „Турските војници признаа дека на покана на ирачката Влада влегле во Башика со цел да ги обучуваат лицата што ќе се борат против ДЕАШ“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во својата изјава, високиот претставник на Стејт департаментот вели: „Турските војници треба да бидат таму со дозвола на Ирак. Знам како Турција влезе во Ирак. Тие влегоа на покана на ирачката Влада за да ги обучуваат доброволците што ќе се борат против ДЕАШ“.
На поставеното прашање: „Дали признавате дека влегле во Башика на покана на ирачката Влада“, високиот претставник одговори: „Да, јас тоа така го разбирам“.
Високиот американски претставник потенцираше дека на 25 декември 2014 година, на заедничката прес-конференција за медиумите со турскиот премиер Ахмет Давутоглу, премиерот на Ирак, Хајдар Абади, ги покани Турција и другите соседни држави да се борат против ДЕАШ.
На прашањето зошто сега Ирак го сменил ставот, високиот претставник рече: „Сега таму има различни фактори и не сакам да зборувам за ова“.
Присуството на турските војници во базата за обука „Зеликан“, во областа Башика, во близина на Мосул, предизвика криза меѓу Багдад и Анкара. Владата на Багдад истакна дека присуството на турските војници на територијата на Ирак не е легитимно, а пак Регионалната влада на ирачките Курди соопшти дека турските војници влегле во Ирак со согласност на централната влада и Министерството за одбрана.