Burcu Arik
28 Ноември 2017•Ажурирај: 29 Ноември 2017
МЕЛБУРН (АА) - Австралиската полиција приведе маж осомничен за планирањe напад со огнено оружје на новогодишната ноќ во Мелбурн, во австралиската држава Викторија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Заменикот-комесар на полицијата на државата Викторија, Шејн Патон, денес изјави дека 20-годишниот осомничен бил уапсен по заедничка антитерористичка операција во подрачјето на Вериби, соопштија локалните медиуми.
Палтон изјави дека човекот, австралиски државјанин со потекло од Сомалија, е личност од висок ризик.
„Ние го следиме лицето многу долг временски период... Тврдиме дека тој имал намера да употреби огнено оружје за да стрела во луѓе со цел да убие што поголем број“, рече Патон.
Лицето, кое ќе биде изведено на суд, се верува дека делувало само.
„Сметаме дека е осомничениот е симпатизер на ДЕАШ“, додаде Патон.