Mustafa Deveci
28 Ноември 2017•Ажурирај: 28 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Магарињата кои паселе во дворот на еден затвор во Индија, 4 дена биле држани во притвор, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави телевизискиот канал „Њу Делхи“ (NDTV), во индиската држава Утар Прадеш, во дистриктот Џалаун, на поседот на еден затвор паселе 8 магариња кои од страна на вработените во затворот биле приведени. Магарињата 4 дена биле во затвор.
„Магарињата пасејќи на затворскиот посед уништија некои вредни растенија. Претходно ги предупредивме сопствениците на магарињата да ги чуваат своите животни подалеку од затворскиот посед, но тие не нѐ послушаа. Затоа ги притворивме магарињата”, изјавија од затворската полиција.
Откако еден локален политичар ја плати направената штета, магарињата беа ослободени од затворот во Џалаун.