Eshat Fırat
05 Јануари 2018•Ажурирај: 06 Јануари 2018
НАБУЛУС (AA) - Израелските војници интервенираа врз Палестинците кои протестираа против еврејските населби и „ѕидот на разделување" во градот Набулус, на окупираниот Западен Брег, јавува Anadolu Agency (AA)
Мурад Иштиви, координатор на палестинските комитети за отпор на народот, во својата пишана изјава, соопшти дека и покрај студените и дождливите временски услови, имаше големи демонстрации против еврејските населби и ѕидот за раздвојување во областа Кефр Каддум во Набулус.
Иштиви информираше дека израелските војници врз демонстрантите користеле пластични куршуми и солзавец, а многу Палестинци беа во опасност и имаа симптоми на гушење поради солзавецот.
Од друга страна, слични демонстрации се пријавени во областите на Бел, Наалејн, и Масара на окупираниот Западен Брег.
Израелската влада од 2002 година, поради како што наведоа, започна со изградба на „ѕидот на разделување" помеѓу Западниот Брег и Израел.
Поради „ѕидот на разделување", три милиони Палестинци на Западниот Брег не можат да преминат кон окупираниот Источен Ерусалим (Кудс) и Израел.
Израелските војници интервенираат со вистински и пластични куршуми, солзавец и отпадни води на демонстрантите кои секој петок протестираат против изградбата на „ѕидот за разделување" и на нелегалните еврејски населби.