Gamze Türkoğlu Oğuz
25 Ноември 2017•Ажурирај: 26 Ноември 2017
АНКАРА (AA) – Пакистанскиот министер за одбрана Ран Танвер Хусеин изјави дека неговата земја од Турција планира да купи 30 хеликоптери и четири воени брода, јавува Anadolu Agency (AA).
Хусеин, кој престојува во Анкара, во разговор за АА нагласи дека соработката на одбрамбениот план помеѓу Пакистан и Турција е догогодишна и додаде дека Пакистан е заинтересиран за купување на хеликоптер T-129 ATAK.
Тој рече дека подготвителниот процес цо врска со купувањето 90 отсто е завршен и дека е во тек проценка на финансискиот дел на понудата.
Исто така, рече дека посоти план во рамките на МИГЛЕМ проектот, аутохтон турски дизајн и производство на бродови, да се изградат и четири бродови, од кои два на подрачје на Турција и уште два во пакистанскиот Карачи.
Според неговите зборови, Турција исто така од Пакистан ќе купи 52 едукациски авиони “Super Mushshak”.
„Многу земји го користат овој авион. Многу е когисен кога е во прашање темелен едукациски процес за пилоти", рече Хусеин.
Осврнувајќи се на борбата против тероризмот во неговата земја, Хусеин рече дека Вооружените сили на Пакистан од 2014. година водат антитерористички акции.
„Претходно на годишно ниво во Пакистан дојде до 1.500 терористички активности и напади. Благодарејќи на активното делување на војската оваа бројка сега е намалена на 30 до 40", рече пакистанскиот министер Хусеин.