Sefa Şahin
30 Јули 2021•Ажурирај: 31 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, истакна дека со околу персонал од 4 илјади луѓе, стотици возила и опрема се интервенира за да се стават под контрола шумските пожари кои избувнаа во 21 општина во Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На објавата што ја сподели на својот профил на социјалните мрежи со наслов „Нашата држава се мобилизира за нашите шуми“, Алтун се осврна на бројот на возила и персонал што се користат во гаснењето на шумските пожари.
„Надлежните институции и организации со персонал од околу 4 лица, стотици возила и опрема интервенираат за да ги стават под контрола шумските пожари кои избувнаа во 21 општина низ земјата“, рече Алтун, додавајќи дека 43 од 63 пожари што избувнаа за два дена се ставени под контрола и дека работите за гаснење на останатите пожари продолжуваат.
Во интервенциите за гаснење на шумските пожари се користат 3 авиони, 9 беспилотни летала, 38 хеликоптери, 620 цистерни со вода, 63 возила за водоснабдување, 54 градежни машини, 9 камиони, 184 теренски возила, 45 противпожарни возила, 21 возило, 2 багери, 46 амбулантни возила, 13 возила УМКЕ, 4 мобилни командни возила, 4 илјади персонал и 187 здравствени лица.
Во напорите за сместување на граѓаните кои се наоѓаат во опожарените подрачја се користат една теренска кујна, 5 угостителски возила, 3 студентски домови и 4 пансиони на турското Министерство за образование.