Sena Güler
03 Април 2019•Ажурирај: 04 Април 2019
АНКАРА (АА) - Турските официјални претставници го повторија повикот до сите страни да се воздржат од акции кои би можеле да бидат протолкувани како мешање во внатрешните работи на оваа земја по неделните локални избори, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ги повикуваме сите страни, вклучувајќи ги и странските влади, да ги почитуваат правните процеси во Турција и да се воздржат од какви било чекори со цел мешање во внатрешните работи на нашата земја“, изјави Фахретин Алтун, шефот на Одделот за комуникации при Кабинетот на претседателот на Турција.
Тој изјави дека неделните избори се спроведени во безбедна и демократска атмосфера.
И Министерството за надворешни работи на Република Турција предупреди дека ниту една држава нема право да се меша во изборните процеси и изборните резултати во другите држави.