Yıldız Nevin Gündoğmuş
23 Јануари 2019•Ажурирај: 24 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Шефот на Кабинетот за комуникации при Претседателството на Турција, Фахретин Алтун, изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) би требале во координација со Турција да ги повлечат своите сили од Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Алтун напиша статија за интернет сајтот на информативниот канал „Ал Џезира“, во кој се осврна на случувањата во Сирија.
„САД со пружањето на поддршка на терористичката организација ЈПГ несвесно доведоа до заматување на линијата меѓу насочената Слободна сириска војска и нелегалните сили во овој регион“, порача Алтун и додаде:
„Наша единствена цел во Сирија е да се отстранат темелните причини за радикализација и на тој начин да се спречи терористичката организација ДЕАШ повторно да застане на нозе. Истовремено, сакаме да воспоставиме физичка и општествена инфраструктура која ќе ги завие воените рани и ќе ги спречи терористичките напади на нашите граѓани“.
Тој нагласи, исто така, дека САД во соработка со Турција треба да обезбедат без понатамошно одлагање да се спроведе мапата на патот за градот Мунбич.
„Соединетите Американски Држави (САД) би требало своите сили од Сирија да ги повлечат во координација со Турција“, нагласи Алтун.