Ekipa
23 Јануари 2019•Ажурирај: 23 Јануари 2019
АЗАЗ (АА) - Вооружените сили на Република Турција (ТСК) гаѓаа упоришта на терористичката организација ЈПГ/ПКК, под чија окупација е подрачјето на Тал Рифат, во северниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на Турските вооружени сили (ТСК) позиционирани во подрачјето ослободено со офанзивата „Штитот на Еуфрат“ во пет наврати ги гаѓаа упориштата на терористите во Тал Рифат, југоисточно од Африн.
Тал Рифат три години е под окупација на ЈПГ/ПКК.
Во експлозијата што се случи во утринските часови во Африн, немаше загинати ниту ранети.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК во неделата изврши два напади во центарот на Африн. Во нападите загинаа двајца цивили, а осум се ранети.
Терористите на ЈПГ/ПКК на почетокот од 2016 година, тргнувајќи од Африн кон југоисточниот дел, го окупираа Тал Рифат. ЈПГ/ПКК имаше за цел со спојување на заземените територии источно од реката Еуфрат со Африн, да ги окупира и подрачјата кои се наоѓаат меѓу двете страни.
ЈПГ/ПКК така планираше да формира непрекинат појас по должината на сириско-турската граница, над кој ќе има контрола. Меѓутоа, Баб, сместен меѓу Тал Рифат и Мунбич е територија ослободена со офанзивата „Штитот на Еуфрат“. Поради тоа, организацијата не може да воспостави врска Тал Рифат - Мунбич.
Голем број цивили од Тал Рифат и околината поради окупацијата мораа да побараат засолниште во посигурните подрачја, а едно од нив е и Азаз, кој е под контрола на опозицијата.