Michael Hernandez
23 Јануари 2019•Ажурирај: 24 Јануари 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес го призна опозицискиот лидер на Венецуела, Хуан Гуаидо, за привремен претседател на таа земја, во екот на ескалацијата меѓу Вашингтон и венецуелскиот претседател Николас Мадуро, јавува Anadolu Agency (АА).
Гуаидо е претседател на Националното собрание на Венецуела, кој Мадуро одбива да го признае.
„Во својата улога како единствен легитимен огранок на власта избрана од страна на венецуелскиот народ, Националното собрание се повика на Уставот на земјата да го прогласи Николас Мадуро за нелегитимен, па Кабинетот на претседателството поради тоа е празен“, изјави Трамп објавувајќи ја својата одлука.
Трамп потоа ги повика и другите земји на западната хемисфера да го следат примерот на прогласување на Гуаидо за легитимен лидер на Венецуела.