Beyza Binnur Dönmez
11 Април 2019•Ажурирај: 12 Април 2019
АНКАРА (АА) - Портпапоролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, го осуди усвојувањето на нацрт-документот во италијанскиот Парламент со кој настаните од 1915 година се окарактеризирани како „геноцид“, јавува Anadolu Agency (AA).
„Одлуката за т.н. геноцид на италијанскиот Парламент ги игнорира историските факти и сее нови семиња на непријателство“, изјави Калин на социјалната мрежа Твитер.
Тој додаде дека одлуката на Парламентот „го полни политичкиот популизам“.
„Остро го осудуваме последниот обид на италијанскиот Парламент за нарушување и политизирање на историјата на нашата нација“, напиша на социјалната мрежа Твитер, Фахретин Алтун, шефот на Одделот за комуникации при Кабинетот на претседателот на Турција.
Тој изјави дека потегот на италијанскиот Парламент е непродуктивен, непријателски и непристоен.
„Наместо да ги напаѓаме меѓусебните сеќавања, мораме да работиме заедно за да осигураме дека вистината преовладува над фикцијата.“
Гласноговорникот на Партијата на правдата и развојот (AK Parti), Омер Челик, исто така го осуди предлогот, велејќи дека Италија е измамена од ерменската дијаспора, која на ниту еден начин не сака нормални односи меѓу Турција и Ерменија.
Предлогот беше гласан вчера и беше одобрен со 382 гласа, со ниту еден против и 43 воздржани.
Официјална Анкара тврди дека сите страни во Првата светска војна претрпеле големи жртви и дека со тие историски настани треба да се бават експертите, а не политичарите. Турција не ги прифаќа ерменските тврдења за наводен „геноцид".
Истакнувајќи дека во 1915 година се случила голема трагедија за двете страни, Турција предлага формирање заедничка комисија која би спровела истрага за тој период, а која би ја сочинувале турските, ерменските и меѓународните историчари.