Cuneyt Davut, Admir Fazlagic
11 Февруари 2016•Ажурирај: 13 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) – Амбасадорот на Република Турција во Скопје, Омур Шолендил реагираше на употребениот говорот на главниот уредник на ТВ Сител, во кој упати навредливи зборови кон турскиот народ, јавува Anadolu Agency (AA).
"Синоќешниот (10 февруари) недоличен израз на Главниот и одговорен уредник на Сител Телевизија Драган Павловиќ Латас кон великиот Турски народ на најсилен начин го осудуваме“ , изјави турскиот амбасадор во Македонија, Омур Шолендил.
"Овој израз полн со омраза и злоба, во иста мера го возвраќаме кон именованото лице кое во основа и порано покажало смелост да во своите разни емисии и изјави користи навредливи изрази кон високите раководители на Република Турција и Турците", изјави амбасадорот Шолендил, потстувајќи дека Република Турција е првата земја која што ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име и продолжува со својата поддршка во сите области на оваа пријателска и братска земја и изрази жалење поради употребата на ваквиот навредлив говор во медиумите.
"Со жалење го примивме овој недоличен израз упатен кон Република Турција и турската заедница која што прва ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име и ја поддржува оваа братска и пријателска земја на секое поле", рече турскиот амбасадор Шолендил, кој истакна дека извинувањето на лицето кое ги упатило навредливите зборови не може да ја надомести причинетата штета од таквиот недоличен став.
"Именованото лице, по интензивните и праведни реакции на претставниците на нашите сонародници во Македонија, и покрај тоа што се извинил пред турскиот народ и држава, далеку е од состојбата да ја надомести штетата од ваквиот недоличен став“ , рече амбасадорот Шолендил, повикувајќи ја ТВ Сител да постапи во согласност со законот и да ги преземе неопходните чекори за личноста за која станува збор.
"Ја покануваме Сител Телевизија која што му дала висока раководна функција на ова лице да постапи во склад со објективното новинарсто и во рамките на правичноста и кон именованото лице ги превземе соодветните мерки", истакна амбасадорот Шолендил и додаде дека во врска со овој неприфатлив став, во тек се и интервенциите пред органите на Македонија.
Вчера во централното издание на ТВ Сител, главниот уредник на овој медиум, Драган Павловиќ Латас, при водење интервју со лидерот на опозицијата и претседателот на СДСМ Зоран Заев, обраќајќи се кон него рече дека “лажеш како Турчин”. Кратко време после интервјуто на социјалните мрежи голем број македонски граѓани од различна етничка припадност реагираа на навредливите зборови и недоличното однесување на главниот уредник на ТВ Сител. Ова не е прв пат, македонските медиуми да употребуваат навредливи и недолични зборови кон Турците и турската држава.