Gamze Türkoğlu Oğuz
19 Јули 2018•Ажурирај: 19 Јули 2018
ХЕЛСИНКИ (АА) - Високите температури кои ја зафатија Шведска предизвикаа шумски пожари во земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од локалната Информативна организација SVT објавија дека во централните и западните делови на Шведска настанале околу 40 шумски пожари, додавајќи дека борба со пожарите има и во поларните подрачја.
Во веста се вели дека од жителите се бара да ги затворат прозорците и да не излегуваат од своите домови.
Од Канцеларијата за цивилна заштита на Шведска информираа дека работат на гасење на пожарите со сите расположливи средства. Во операцијата за гасење на пожарите вклучени се хеликоптер донесен од Норвешка и два авиона „Canadair CL-415“, позајмени од Италија.
Минатата недела северниот дел на Европа беше зафатен од бран на високи температури. Температурата на воздухот во Финска, Норвешка и Шведска беше над 32 степени Целзиусови.