Nazlı Yüzbaşıoğlu
08 Јануари 2019•Ажурирај: 09 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Шефот за комуникација при турското Претседателство, проф. д-р Фахретин Алтун, истакна дека не може да се преговара за националната безбедност на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Алтун на Твитер сподели објава во врска со средбите на советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, во Анкара.
Алтун нагласи дека средбите на Болтон и портпаролот на турското Претседателство денес завршија во претседателската палата во турскиот главен град.
„Се надевам дека тој го вкусил светски познатото турско гостопримство“, додаде тој.
„Не може да се преговара за националната безбедност на Турција. Нашата борба против тероризмот не е прашање на „дали“, туку на „кога“. Да се покаже дека Курдите од Сирија и терористичката група поддржана од САД се исти, тоа ќе биде навреда за курдскиот народ и за нашиот интелект“, напиша Алтун.