AP
15 Декември 2015•Ажурирај: 16 Декември 2015
МОСКВА (АА) - Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Москва ќе разговара со Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи на Русија, со цел да им ги приближат ставовите поврзани за ставање крај на граѓанската војна во Сирија и кризата во Украина, јавува Anadolu Agency (АА).
Кери по состанокот со својот колега Лавров ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, a се очекуваат тешки преговори за начинот дкако да се подобри смирувањете на кризата. Русија и САД се согласуваат околу механизмите на политичката транзиција, со цел прекин на војната во Сирија, како и воен пристап кон борбата против ДАЕШ.
Кога станува збор за Украина, двете земји се поделени околу спроведувањето на договорот во февруари оваа година, која треба да стави крај на непријателството меѓу владата во Киев и сепаратистите во источниот дел на земјата која ги поддржува Русија.
На воведниот состанок, Кери изјави дека Москва и Вашингтон се согласуваат дека терористичката група ДАЕШ во Сирија и Ирак, се голема закана за сите во секоја земја. Според него, тие се најлошите терористи бидејќи ја напаѓаат културата и историјата.