Ekip
21 Февруари 2022•Ажурирај: 22 Февруари 2022
БЕРЛИН
Германскиот канцелар, Олаф Шолц, ќе има телефонски разговор со рускиот претседател, Владимир Путин, доцна попладнево како дел од последните напори за смирување на ескалацијата на руско-украинскиот конфликт, соопшти портпаролот на Владата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Федералниот канцелар исто така ќе одржи разговор со рускиот претседател доцна попладне“, рече Штефен Хебестрајт за новинарите во Берлин.
„Исто така одблиску e вклучен и координиран и од францускиот претседател (Емануел Макрон) во услови на дипломатски напори да се спречи катастрофата (таму)“, додаде тој.
Во другите поврзани вести, Хебестрајт ги поздрави американските дипломатски напори помеѓу американскиот претседател и неговиот руски колега.
„Федералната (германска) влада го поздравува фактот дека американскиот претседател Џо Бајден понуди директна средба со рускиот претседател и Федералната влада се надева дека Русија исто така ќе ја прифати понудата“, рече тој.
„Сега би било важно да започнеме со неопходните подготовки за да може да се одржи таков самит што е можно поскоро“, додаде тој.
Францускиот претседател Емануел Макрон одржа неколку телефонски разговори со Путин и Бајден во неделата за да ги деескалира тензиите и да организира самит за да се избегне војна во Украина.
Портпаролот на Кремљ, Димитри Песков, не ја отфрли можноста за средба помеѓу Путин и Бајден, но им кажа на новинарите денес дека нема „конкретни планови“ за таков самит.
Шолц ја предупреди Русија за време на викендот дека воениот напад на соседот Украина ќе донесе тешки последици за Кремљ.
„Воена агресија врз Украина би била серозна грешка. Нема оправдување за распоредувањето на преку 100.000 војници на украинската граница“, изјави Шолц на Минхенската безбедносна конференција.
„Војната повторно се заканува во Европа, а ризикот е сè освен избегнат“, додаде тој.
Шолц јасно стави до знаење дека Русија ќе плати висока цена „политички, економски и геостратешки“ ако ја нападне Украина.
Германскиот канцелар истакна дека сè уште има простор за дипломатско решение на руско-украинската криза.
„Ние сме подготвени да преговараме, сепак, основните принципи нема да се дискутираат“, тој повтори.