Ali Cura
21 Февруари 2022•Ажурирај: 22 Февруари 2022
МИНСК (АА) - Началникот на Генералштабот на Белорусија, Виктор Гулевич, истакна дека руските воени единици што се наоѓаат во неговата земја на заеднички воени вежби ќе се вратат во постојаните бази кога ќе биде потребно, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Началникот на Генералштабот, Гулевич, на брифингот за воените аташеа на амбасадите во земјата се осврна на руските војници што учествуваа во заедничката воена вежба „Сојузничка определба-2022“ меѓу Белорусија и Русија, што заврши викендов.
„Единиците на Руските вооружени сили ќе се вратат во своите бази каде што се трајно распоредени само кога ние самите ќе го одредиме тоа и кога ќе има конкретна потреба. Ова е чисто наша внатрешна работа“, рече Гулевич.
Гулевич, исто така, истакна дека тоа во голема мера се должи на активностите на Западот, кој распореди војници во Источна Европа, вклучително и во близина на белоруските граници.
Белорускиот министер за одбрана, Виктор Хренин, во вчерашната изјава рече дека Русија и Белорусија ќе продолжат со заедничките вежби поради влошувањето на ситуацијата во Донбас во источна Украина и зголемувањето на воените активности на границите.