Selen Temizer
21 Февруари 2022•Ажурирај: 22 Февруари 2022
БРИСЕЛ
Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика, Жозеп Борел, истакнувајќи дека руските медиуми контролирани од државата ги искривуваат фактите за Украина, ја промовираше веб-страницата на ЕУ посветена за руските дезинформации, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Борел, во објавата на својот профил на Твитер, рече дека „руските државно контролирани медиуми продолжуваат да произведуваат акти на насилство за кои тврдат дека се извршени врз населението во Донбас“, и дека „книгата за игри на Кремљ јасно подготвува изговори за инвазија на Украина“.
Високиот претставник го сподели линкот на веб-страницата на ЕУ против дезинформациите на Русија.
Веб-страницата е насловена како „Книгата за игри на Кремљ: Изработка на изговори за инвазија на Украина“.
Според веб-страницата, руските државни медиуми ги интензивираат своите наводи за „тајни напади“ против Украина. Тие се споделуваат речиси истовремено со видеопораки од водачите на милитантите поддржани од Русија.
Овие пораки вклучуваат повик за масовна евакуација во Русија, што всушност значи раселување на цивилите. Примери за тоа се неодамнешниот напад во градинка и тоа што Кремљ го негираше тој напад.
Друга вест што се пласира од руските медиуми е дека Украина планира терористички напад во Донбас или Русија.
Меѓу другото, Русија исто така изнесе тврдења дека Украина спроведува геноцид врз населението што зборува руски во источна Украина, дека користи хемиско и друго забрането оружје против цивилите во Донбас и дека САД планираат напад со хемиско оружје врз Донбас.
На веб-страницата се нагласува дека сите обвинувања се неосновани, дека нема очевидци и дека Русија со текот на годините често ги користела овие тактики.
Се додава дека проруските медиуми имаат долга историја на искривување на фактите, вклучително и негирање на нападите со хемиско оружје на режимот на Башар ал Асад во Сирија.
- Напад во градинка
Во соопштението на украинската Армија од 17 февруари се наведува дека силите во земјата поддржани од Русија стрелале со артилерија врз село во областа Луганск, а во нападот била погодена градинка.
Британскиот премиер, Борис Џонсон, за нападот рече: „Денес, сигурен сум дека веќе ви е јасно, детска градинка беше бомбардирана како дел од операцијата со ‘лажни знамиња‘ дизајнирани за да се дискредитираат Украинците и да се создаде лажна провокација за руски напади“.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече: „Видовме дека Русија со операцијата ‘лажно знаме‘ се обидува да ја оправда инвазијата на Украина.“