Турција

Ердоган: „Руската делегација утре ќе допатува во Турција на преговори за Идлиб“

Турскиот претседател одржа прес-конференција на аеродромот „Есенбога“ во Анкара, пред неговото заминување во посета на Азербејџан

Mümin Altaş  | 25.02.2020 - Обновена : 26.02.2020
Ердоган: „Руската делегација утре ќе допатува во Турција на преговори за Идлиб“

АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека руската делегација утре ќе допатува во Турција на преговори за Идлиб, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган одржа прес-конференција на аеродромот „Есенбога“ во турскиот главен град Анкара, пред неговото заминување во посета на Азербејџан, каде што ќе се одржи 8. состанок на Советот за стратешка соработка од високо ниво меѓу Турција и Азербејџан.

Турскиот претседател на прес-конференцијата се осврна и на случувањата во Идлиб и Либија.

„Моментално постои еден процес меѓу Турција и Русија за случувањата во Идлиб и Либија. Итно треба да се реши прашањето за Идлиб. Со Русија исто така разговараме и за Либија. Знаете дека таму се наоѓа нелегитимното лице, Хафтар. До ова нелегитимно лице стои администрацијата на Абу Даби. Сите финансиски извори се од таму“, рече Ердоган.

„Разговарајќи со Путин на највисоко ниво, продолжуваме да правиме проценка каде и какви недостатоци постојат, исцртувајќи го нашиот патоказ“, нагласи турскиот претседател.

Тој истакна дека Русија во Либија има една безбедносен тим наречен „Вагнер“, кој според него брои 2.500 припадници.

„Русија на највисоко ниво им дава поддршка на силите на режимот. Дава поддршка во насока на воздухопловните сили. Колку и да го негираат тоа, поседуваме докази. Ние не мора да бидеме во оваа борба, туку сме должни да го направиме тоа“, додаде тој.

Турскиот претседател потсети дека во неговата земја моментално се наоѓаат околу 4 милиони Сиријци, и дека ниту една земја и западниот свет не покажале сензибилност во оваа насока.

Ердоган нагласи дека руската делегација утре ќе допатува во Турција на преговори за Идлиб.

„На 5 март можна е средба со Путин со кого лице в лице ќе разговараме за овие прашања“, истакна Ердоган.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın