Турција

Истрага против инфилтрацијата на ФЕТО во структурите на Турските вооружени сили

Во рамките на истрагата раководена од Коња за криптоструктурата на терористичката организација ФЕТО во Турските вооружени сили (ТСК), фатени се 10 лица од 37 осомничени за кои е донесена одлука за приведување

Savaş Güler  | 25.02.2020 - Обновена : 26.02.2020
Истрага против инфилтрацијата на ФЕТО во структурите на Турските вооружени сили

КОЊА (АА) - Во рамките на истрагата раководена од Коња за криптоструктурата на терористичката организација ФЕТО во Турските вооружени сили (ТСК), фатени се 10 лица од 37 осомничени за кои е донесена одлука за приведување, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во текот на истрагата за ФЕТО водена од Републичкото обвинителство во Коња, во чии рамки е испитуван воен персонал, припадници на организацијата и цивилни лица одговорни за овој персонал, во согласност со дадените изјави добиени се сознанија за постоење на членови на ФЕТО во структурата на ТСК. Врз основа на тоа донесена е одлука за приведување на 37 лица, сите воени лица, меѓу кои и лица во активна служба.

Утврдено е дека 21 лице од осомничените се во активна служба, а 16-мина претходно биле оддалечени од воената служба.

Екипите од Одделот за борба против шверц и организиран криминал при Обласната дирекција на полицијата на Коња започнаа истовремени операции во 24 области во Турција, при што се приведени 10 осомничени.

Осомичените за кои е поднесено барање за приведување се војници, крипточленови на ФЕТО сместени во копнените, воздухопловните и поморските сили, во Командата на жандармеријата и во Генералштабот на Армијата.

Во тек се операции за приведување на преостанатите 27 осомничени.

ФЕТО е терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), за кого Турција официјално побара испорачување од САД.

Припадниците на таа терористичка организација, со години, преку местење на испитите напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, припадниците на ФЕТО во турското правосудство со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат голем број високи функционери.

Неколку години подоцна следуваше и крвав обид за соборување на избраната власт, односно неуспешен обид за државен удар што го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската војска.

Истрагата за терористичката организација ФЕТО покажа дека станува збор за глобална мрежа којашто не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските официјални лица. Во текот на обидот за државен удар во Турција животот го загубија 251, а беа повредени околу 2.200 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.