Rauf Maltaş
24 Февруари 2020•Ажурирај: 01 Март 2020
ШАНЛИУРФА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) во подрачјето на операцијата „Извор на мирот“ во Сирија, лебот што се произведува за нив во мобилните пекарници го споделуваат со локалното население, чија безбедност ја чуваат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение од Гувернерството на Шанлиурфа, во областите Рас ал Ајн и Тел Абјад во Сирија, кои се расчистени од терористите со операцијата „Извор на мирот“, продолжува хуманитарната помош за Сиријците со поддршка на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби на Турција (АФАД) и во координација со Сирискиот центар за поддршка и координација (СУДКОМ).
Со поддршка на АФАД, турската Црвена полумесечина „Кизилај“ и Турскиот одбор за житарици (ТМО) испорачаа 12 тони брашно и 120 килограми леб до мобилните пекарници на 3 одделни командосни бригади.
Турските војници, чија главна задача е да ја осигураат безбедноста во регионот, нивниот леб што се произведува во мобилните пекарници го делат со локалното население што живее во подрачјето.
Жителите во областа генерално, лебот го прават во своите домови. Но, според нив, многу е значајно тоа што турските војници го делат својот леб со нив. Тие им се заблагодарија на турскиот народ и на турската Војска за поддршката.