Турција

Двајца терористи на ЈПГ/ПКК се предадоа на турските безбедносни сили

Терористите кои ги напуштиле редовите на терористичката организација во северниот дел на Сирија и северен Ирак се предадоа на граничните пунктови во Ширнак и Мардин

Erdoğan Çağatay Zontur  | 24.02.2020 - Обновена : 24.02.2020
Двајца терористи на ЈПГ/ПКК се предадоа на турските безбедносни сили

АНКАРА (АА) - Двајца терористи на ЈПГ/ПКК се предадоа на безбедносните сили во југоисточниот дел на Турција, се вели од националното Министерство за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Терористите кои ги напуштиле редовите на терористичката организација во северниот дел на Сирија и северен Ирак се предадоа на граничните пунктови во подрачјето на Силопи, во Ширнак, и подрачјето на Нусајбин во Мардин“, се соопштува од Министерството на Твитер.

Од почетокот на оваа година, на турските безбедносни сили се предадоа над 40 терористи.

ПКК е сепаратистичка организација којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.