Davut Demircan
24 Февруари 2020•Ажурирај: 24 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Вкупно 2.161 илегален мигрант се фатени низ Турција во текот на изминатата недела, покажуваат податоците кои Агенција Анадолија (АА) ги доби од безбедносни извори.
Најмалку 1.320 мигранти се задржани во повеќе операции извршени од страна на жандармерските сили во северозападните турски области Едрене, Киркларели и Текирдаг, кои граничат со Грција и Бугарија.
Според локалните безбедносни сили во Едрене, Грција неодамна ги засилила напорите за испраќање на илегалните мигранти во Турција, прекршувајќи ги Женевските конвенции, Европската конвенција за човекови права и Конвенцијата на Обединетите нации (ОН) против тортура.
Во западните крајбрежни области Чанаккале, Баликесир, Ајдин, Мугла и Измир, турската Крајбрежна стража и жандармериските сили фатија вкупно 664 мигранти додека се обидувале да преминат во Европа преку Грција.
Околу 146 мигранти беа исто така задржани од страна на полицијата во јужните крајбрежни области Адана и Анталија, додека во централната област на Анкара во текот на изминатата недела фатени се 31 мигрант.
Сите мигранти фатени во текот на изминатата недела се однесени или во болница на лекување или се префрлени во канцелариите за миграции во областите.
„Во 2019 година, во Турција задржани се над 454.500 илегални мигранти“, се вели од турското Министерство за внатрешни работи.
Турција е главна транзитна рута за илегалните мигранти кои имаат за цел да преминат кон Европа за да започнат нов живот, бегајќи од војна или прогон.