Hamdi Çelikbaş
24 Февруари 2020•Ажурирај: 24 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтер утринава ја погоди западната турска област Маниса, јавува Агенција Анадолија (АА).
Канцеларијата за управување со вонредни состојби во Турција (АФАД) соопшти дека епицентарот на потресот е регистриран во Акхисар, на длабочина на тлото од седум километри.
Од Канцеларијата на гувернерот на Маниса е соопштено дека досега нема информации за негативни последици од земјотресот.
Вчера крајниот исток на Турција беше погоден од земјотрес со јачина од 5,9 степени по Рихтер. Како последица на тој потрес загинаа девет, а повредени се 50 лица.