Emre Saçlı
06 Ноември 2016•Ажурирај: 07 Ноември 2016
МАНИСА (AA) -Брачниот пар Ајверди, во Турција, се бави со иста работа и работата на исто работно место. На такси штандот во Салихи во близина на Маниса таксистите Јунус и Севда нудат услуги на превоз на граѓаните. Во разговор за Anadolu Agency (AA) Севда истакнува дека на работа доаѓа малку порано од нејзиниот маж.
Членовите на семејството Ајверди веќе со генерации се бават со таксирање. Мајката на едното дете, четириесетгодишната Севда раскажа дека покрај нејзиниот маж порано и нејзиниот свекор се бавел со таксирање. Околу 19 години Јунус бил таксист заедно со својот татко. Кога статиот Ајверди починал некој морал да го наследи неговиот повик.
„Во тој период свекрвата ме запраша дали сакам да го продолжам она што го работел свекорот. Да бидам искрена не очекував таков предлог. На повик на таксистот се гледав како на негово наследство, нешто што секогаш ќе не сеќава на него, и решив дека ќе продолжам таму каде што застана тој", рече Севда.
Рече дека на овој чекор се решила бидејќи била посебно врзана за свекорот, како што истакнува, ѝ бил како татко.
„Останав без татко кога бев дете. Кога се омажив свекорот ме прими многу топло. Ме засака како негово дете. Многу сум горда што можам да го продолжам неговиот повик", појасни Севда.
Салихи не е голем град и како што тоа е случај во таквите средини животот се одвива по некое постојано темпо и се се одвива според некои непишани правила. Севда отрки дека многу се сомневала дека ќе успее во нејзината намера.
„Во големите градови жените подеднакво како и мажите учествуваат во општествените, стопанските и другите текови. Така да жените работат и како таксисти. Меѓутоа, во мало место како што ова, тоа е поинаку. Искрено, имав многу сомнеж. Но кога веќе почнав да работам и кога видов дека тоа не е тешко, ми олесни", раскажа Севда.
Големо значење за успехот на Севда имало семејството. Мажот и шеснаесетгодишната ќерка ја охрабрувале и бодреле во моментите кога губела желба. Севда рече дека поддршката понекогаш ја добивала од клиентите кои ја користеле нејзината услуга.
„Работејќи ја оваа работа повеќе време поминувам со мажот, а освен тоа придонесувам за домашниот буџет", појасни Севда.
Не можела да се сети на лоши моменти на работа. Истакнува дека од клиентите генерално има позитивни реакции. Вели дека на лицата на женските клиенти може да види насмевка кога влегуваат во возилото. Истакнува дека нејзиниот маж кој има 19 годишно искуство и помага секогаш кога тоа е потребно.
„Ако не знам некоја улица или маало, барам помош од маж ми", истакнува Севда.
Единствената жена таксист во тускиот Салихи рече дека откако започнала да се бави со оваа работа, добила многу повеќе одговорност. Истакнува и дека таа ситуација не била многу тешка и дека верува како секоја жена покрај куќата и сите одговорности кои таму ги има може да биде успешна и во работата.
„Со оваа работа се бавам долго и се чувствувам почетничко возбудување. Рано наутро станувам и на штандот излегувам пред мажот. Можам да ви кажам дека работата ја работам со задоволство и дека тоа внесе промена во мојот живот. Меѓутоа кога после работа се враќам дома, сепак морам да зготвам вечера", појасни таа.
Мажот на Севда Јунус од самиот почеток бил поддршка за сопругата, како и што истакна самиот верувал во неа и ја бодрел дека ќе успее.
„Со Севда сум во среќен брак веќе 18 години. Кога мојата мајка побара од Севда да ја продолжи работата на татко ми знаев дека за неа тоа нема да претставува голем проблем и реков дека ќе ѝ помогнам во сè", појасни Јунус.
Јунус рече дке работата ја почнуваат рано наутро и дека дома се враќаат навечер. Јунус, како што самиот рече, посебно е горд на својата сопруга бидејќи таа е единствената жена таксист во Салихи.