Турција

Избори во Турција: Гласачко место во Маниса затворено по 32 минути

По само 32 минути од отворањето на гласачкото место во населеното место Бозкој, во турската област Маниса, заврши изјаснувањето на граѓаните на денешните претседателски и парламентарни избори

Nurullah Kalay  | 24.06.2018 - Обновена : 25.06.2018
Избори во Турција: Гласачко место во Маниса затворено по 32 минути Nurullah Kalay/АА

Manisa

МАНИСА (АА) - По само 32 минути од отворањето на гласачкото место во населеното место Бозкој, во турската област Маниса, заврши изјаснувањето на граѓаните на денешните претседателски и парламентарни избори, јавува Anadolu Agency (AA).

Во населеното место кое има 48 жители, граѓанската должност ја извршија 29 гласачи.

Гласачкото место е отворено во 08:00 часот по локално време, а веќе 32 минути подоцна е затворено. Локалните жители кои се занимаваат со земјоделство, во утринските часови ја извршија својата граѓанска должност и се вратија на своите секојдневни обврски.

Најстариот жител е 86-годишниот Ихсан Баш, кој е поранешен селски старешина, додека најмладиот е 18-годишниот Омер Донмез.

Сегашниот селски старешина на Бозкој, Ирфан Гондер, изјави дека порано во селото имало 65 гласачи, но дека тој број сега е намален поради иселувањето на жителите.

Тој истакна дека населеното место брои 35 регистрирани гласачи, но дека 6-мина се на лекување надвор од градот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın