Турција

Ѓул: Гласањето се одвива во најдобар ред, и без неправилности

„Сега народот ќе го даде својот збор. И зборот и овластувањата и одлуката ги носи народот. Подоцна ќе дојде периодот кој ќе биде волјата на народот, кој секој ќе ја почитува и преку која демократијата ќе биде дополнително зајакната...“

Kerem Kocalar  | 24.06.2018 - Обновена : 24.06.2018
Ѓул: Гласањето се одвива во најдобар ред, и без неправилности

Gaziantep

ГАЗИАНТЕП (АА) - Турскиот министер за правда, Абдулхамит Ѓул, утринава истакна дека за време на изборите кои денес се одржуваат во Турција, не се забележени никакви неправилности, јавува Anadolu Agency (AA).

Ѓул, заедно со својата сопруга, ова утро дојде во просториите на Основното училиште „Хасан Целал Ѓузел“, во областа Шехиткамил, каде што и гласаше.

Министерот им посака успех на претседателот и на членовите на избирачкиот одбор и во оваа пригода разговараше со граѓаните кои дојдоа да ја извршат својата граѓанска должност.

„Сега народот ќе го даде својот збор. И зборот и овластувањата и одлуката ги носи народот. Подоцна ќе дојде периодот кој ќе биде волјата на народот, кој секој ќе ја почитува и преку која демократијата ќе биде дополнително зајакната. Се надевам дека резултатите од изборите ќе придонесат за зголемен мир и стабилност на нашата земја“, рече Ѓул.

Тој се надева дека какви и да се резултатите, тие ќе бидат добри за Турција и за нејзиниот народ.

„Досега не добивме никакви информации за неправилности поврзани со изборите“, рече Ѓул, додавајќи дека процесот на гласање се одвива во мирна и безбедна атмосфера.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.