Турција

Јилдирим: „Турција со новиот систем продолжува стабилно да чекори кон нови цели“

„Со новиот систем, Турција ќе продолжи да напредува кон нови цели, кон нови хоризонти во состојба на стабилност и доверба. Посакувам изборите да бидат повод за спокој, мир и братство на сиот наш народ“

?kipa  | 24.06.2018 - Обновена : 24.06.2018
Јилдирим: „Турција со новиот систем продолжува стабилно да чекори кон нови цели“ Ali Balıkçı/AA

Izmir

ИЗМИР (АА) - Турскиот премиер Бинали Јилдирим, своето право на глас на претседателските и парламентарни избори во Турција го искористи во Карабаглар, Измир, во основното училиште изградено со донација на неговите деца, јавува Anadolu Agency (AA).

Премиерот Јилдирим беше топло поздравен од сограѓаните во училишниот двор, по што поразговара и се фотографираше со нив.

Гласајќи, премиерот Јилдирим посака изборите да се за доброто и за среќата на државата и народот, а потоа во дворот на училиштето даде изјава за новинарите.

Тој истакна дека со гласањето ја извршува својата граѓанска должност, потсетувајќи дека на овие избори Турција избира претседател и 27. состав на турскиот Парламент.

- „Со новиот систем кон нови цели и нови хоризонти“ -

Турскиот премиер нагласи дека со новиот систем Турција продолжува да чекори кон нови цели.

„Со новиот систем, Турција ќе продолжи да напредува кон нови цели, кон нови хоризонти, во состојба на стабилност и доверба. Посакувам изборите да бидат повод за спокој, мир и братство на сиот наш народ. Изборите минуваат во една убава, демократска атмосфера. Граѓаните непрекинато доаѓаат да го искористат своето право на глас.“

Училиштето кое го носи името на мајката на Јилдирим, која починала на 38-годишна возраст, отворено е со донација на децата на Јилдирим на 22 април годинава.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın